На почетокот на 60-те години од минатиот век, археолози на локацијата на древниот сириски град Угарит пронашле повеќе глинени табли од 14-от век п.н.е.
На овие табли имало знаци од хурискиот јазик, а истите се сметаат за најстарото парче музика кое било откриено.
Драфкорн Килмер, професорка по антропологија од Универзитетот на Калифорнија, барајќи математички равенства на глинените плочи од територијата на стариот исток, дешифрирала и музички запис на хуритски јазик, кој го користел стариот народ Хурити во текот на бронзената доба
Таа практично ја открила и најстарата запишана песна, која според процените потекнува од пред 3.400 години.
Песната е од култен карактер, бидејќи е химна на божјиот месец и на плодноста, кој се нарекува Никал. Таа може да се транскрибира на седумнотна дијатонска скала, а потврдено е дека има и одредена хармонија.
Професорката Килмер заедно со музикологот Ричард Крокер ја објави аудиокнигата „Звуци од тишината“ (Sounds From Silence) со информации за музиката од Блискиот Исток, со фотографии и транскрипција на глинените плочи, но и музичка интерпретација на лира на темата „A Hurrian Cult Song from Ancient Ugarit“.