Голгетерот на Барселона Жерард Пике и познатата поп-пејачка Шакира се заедно веќе шест години и имаат два сина, а нивната романса започнала пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.
-Ја запознав Шакира во Мадрид додека ние се подготвувавме за Светското првенство и потоа за време на снимањето на видеото за химната на Мундијалот. Пред да заминеме за ЈАР на првенството и пишав неколку смотани пораки и ја прашав ’како е времето таму’ што е типично прашање за додворување. Очекував да ми врати со ’земи си јакна’, но таа започна детално да ми го опишува времето. Тогаш и пишав дека за да ја видам пак ќе мора да стигнеме во финалето бидејќи таа ја пееше химната на финалето – откри шпанскиот репрезентативец.
Шпанија стигна до финалето и ја освои светската титула, а Пике ја освои Шакира.
Деновиве убавата пејачка ја објави својата нова песна „Me enamore“ (Се заљубив) која му е посветена токму на Пике, односно на нивната љубов.