Тие потврдиле дека смртта се шири од клетка во клетка во флуоросцентно сина боја додека целиот организам не изумре.
Истражувачи од BBSRC (Welcome Trust and the Biotechnology and Biological Sciences Research Council) во Велика Британија веруваат дека ова истражување на крајот може да биде корисен модел за разбирање на тоа како настапува смртта кај луѓето.
Истражувањето е спроведено на еден црв и јасно се гледало дека во моментот на смртта плава светлина се шири од клетка на клетка и дава информации на секоја од нив да престане со работа. Кога клетките умираат, тие покренуваат синџир на хемиска реакција
Професорот Дејвид Гемс од Институтот UCL кои го водел истражувањењто вели:
„Го препознавме хемискиот пат на самоуништување на клетките кај црвите. Тоа е всушност вистински ’косач’ кој постепено го гаси целиот организам. Сега може да ни се многу појасни функциите на организмот кога настапува смртта предизвикана од стареење“.