Дваесет и едно годишниот Ф.С. од Куманово заработи кривична пријава пред пет дена поради обид за убиство.
Младиот кумановец се расправал со двајцата сограѓани Д.А. (30) и С.А. (23), по што на двајцата им нанел убодни рани со нож, на едниот во градниот кош, а на вториот во пределот на рамото.
Српските медиуми пишуваат дека повредените се припадници на навивачката група „Делии Куманово“ поддржувачи на Црвена Ѕвезда, а напаѓачот е член на навивачката група „Кумани“, пренесува Курир.
Блиц.рс објави видео снимка од нападот чија автентиност не е потврдена.