ВИДЕО: Снимателка доби отказ поради физичко насилство брз бегалците – ги шутирала


Снимателка на една унгарска телевизија три пати физички ги нападнала мигрантите кои неуспешно се обидувале да го пробијат полицискиот кордон кај унгарскиот прифатен центар Реска. Сопнала човек кој го носел дете во раце и шутирала девојче и момче.snimatelka-5

На снимката на унгарската телевизија Н1ТВ  се гледа дека откако снимателката го сопнала човекот со детето во раце полицијата успеа да го стигне.

Потоа на сајтот Coub.com  беше објавен видео – клип на кој се гледа како снимателка шутира едно момче, а потоа и девојка.

Снимателка која унгарските медиуми ја идентификуваа како Петра Ласко, по серијата инциденти добила отказ.

-Една колешка од Н1ТВ денеска се однесуваше на неприфатлив начин во прифатниот центар Реска, соопшти на Фејсбук главниот уредник на таа телевизија Саболч Кисберк додавајќи дека нејзиниот договор од  денес е поништен.

Мигрантите од прифатниот центар Реска се обиделе да врата назад во србија, но унгарската полиција не ги пуштила.

Голем број спиеле на отворено, на поле, на ниски ноќни температури и се надевале дека ќе бидат превезени во центар за регистрација.

На бегалците, помеѓу кои има и многу семејства со деца, хуманитарните организации им дела храна, вода и средства за хигиена. Тие исто така им дале и топа облека и ќебиња за да може што полесно да ги пребродат студените ноќи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1