Девојката фронтменот на “Eagles of Death Metal” Џеси Хјуџс наводно снимила еден од терористите, кој синоќа уби околу 100 луѓе во сала за концерти Батаклан во Париз.
Таа спонтано снимала во ходникот на салата додека одела кон сцената каде што настапувало нејзиното момче. На снимката се слуша дека наскоро ќе и снема батерија на телефон.
Сепак, снимила лице облечено во огромна црна јакна со ранец, кој држи нешто во двете раце и тоа го крие, а потоа преку главниот ходник оди во сала. Тука снимкатa завршува.
Во Франција се верува дека лицето од снимката е само еден од терористите, но се уште нема потврда од полицијата.
Пред крвопролевањето бендот успеал да отсвири неколку песни, а потоа членовите на групата успеале да избегаат.