ВИДЕО: Снимено бруталното убиство на убавата Бразилка која беше ѕвезда на СП!


Аманда Буено, 29 – годишната Бразилка која се прослави за време на минатогодишното Светско првенство во фудбал одржано во нејзината земја, брутално е убиена во дворот на  нејзината куќа  во Рио де Жанеиро. Животот и го одземал сопругот Милтон Веира Севериано за кој се омажила само четири дена пред трагичниот настан.

brazilka ubistvo
Цицера Алвес де Сена, која поради кариерата на танчарка го земала уметничкото име Аманда Буено, се најде на насловните страни минатото лето кога за време на СП во Бразил откако успеала да го измами обезбедувањето и да се пробие до бразилските фудбалски ѕвезди. Единствена цел и била да направи неколку селфи фотографии со популарните фудбалери, што на крајот и успеало, а бразилските медиуми ја нарекоа „девојката на фудбалот“.

За жал, неколку месеци откако за неа  пишуваа сите светски медиуми, животот на убавата Аманда трагично е завршен. Сигурносните камери ја снимиле грозноморната сцена. VID: Hubby Batters Wife To Death Before Shooting Her In Face 5 Times
Прво имале жестока расправија во станот, а потоа надвор во дворот, кога Севериано ја фатил сопругата за глава и десетина пати удрил со неа од земја, а потоа неколку пати ја удрил во лицето. Додека несреќната Аманда лежела без свест на земјата, сопругот влегол во апартманот, го зел пиштолот, и на крајот и испукал пет куршуми во главата.

Севериано е уапсен веднаш по сторениот злостор, а за време на испрашувањето признал дека ја убил сопругата бидејќи не можел да поднесе како ја гледаат другите мажи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1