Четиринаесет луѓе се жртви во експлозијата во фабриката за вештачко ѓубриво во Вест во американската држава Тексас, изјави градоначалникот Томи Маска. Меѓу загинатите се и четворица од Итната медицинска помош, а петмина пожарникари-доброволци официјално се водат како исчезнати, но постои стравување дека и тие се загинати.Прецизирано е дека во експлозијата биле повредени над 200 луѓе. Властите наведуваат и тоа дека немало индикации оти станува збор за нешто друго од индустриска несреќа.
Детонацијата се почувствувала на 80 километри оддалеченост од Вест, а американската сеизмолошка лабораторија регистрирала и потрес од 2,1 степени.
– Експлозијата изгледаше на детонација на атомска бомба. Огромен облак во облик на перчука – истакна Муска.
На интернет се појави видео кое го снимил граѓанин додека со својата ќерка минувал со автомобилот во близина на фабриката која експлодирше. Тој го снимил моментот пред експлозијата а поборниците на теорија на завера тврдат дека од левата страна точно пред експлозијата нешто лета кон фабриката – се шпекулира дека е некој вид на проектил.
Веднаш потоа експлозија и лелекот на девојчето во автомобилот дека не слуша – погледнете