ВИДЕО: Снимка од убиството на кикбоксерот Косаќ се појави на Јутјуб


Убиството на кик – боксерот Јован Косаќ (27) кого со истрели од пиштол на 14 септември го ликвидирапе Драгоје Баошиќ од Бјело Поље, се појави на ЈуТјуб.

Снимката со вознемирувачка содржина во траење од 51 секунда ја поставил извесен Игор Петков. Полицијата не ја потврди автентичноста на снимката за која се тврди дека е извадена од една од камерите во дискотеката „Каза“ каде Косаќ е убиен.ubistvo-kikbokser-500

Накратко се гледа како убиеното момче стои пред влезот од дискотеката каде работел како обезбедување.

Снимено е влегувањето на браќата Станко и Драган Биговиќ и Баошиќ, а потоа и тепачката меѓу Косаќ и Биговиќ. По гужвата следува сцена како Баошиќ, чии пријатели браќата Биговиќ го тепале Косаќ зошто им пренел одлука на сопственикот на дискотеката дека влезот им е забранет, му пука во грб на Косаќ и заминува.

Баошиќ е уапсен 10 дена подоцна.ubistvo-kik-boksera-jovana-kosaca-snimak-herceg-novi-foto-printscreen-you-tub-1413785260-582888

Убиството на Косаќ предизвика и протести во Херцег Нови зошто судот ги пушти на слобода браќата Биговиќ кои биле помагачи во злосторството и тоа не само во скривањето на убиецот туку и во настаните кои претходеле на злосторството.

Семејството на убиениот Косаќ изјави дека ќе продолжт со протестите се додека не се разоткријат сите учесници во злостроството зошто во време на убиството во дискотеката во Игало бил и висок функционер од Центарот за безбедност и можел да го спречи инцидентот но не направил ништо. Тој полицаец бил само на чекор од убиецот, и можел само да го удри по рака и да го спречи да пука. Таткото на убиоеното момче смета дека синот е жртва на нарко банди и нема да дозволи да се забошоти случајот.

И тој момент со полицаецот е на оваа снимка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1