Поранешниот советник на американската Агенција за национална сигурност (НАСА), Едвард Сноуден, кој во Америка е обвинет за шпиунажа, а Рудија му даде азил, беше избран за почесен ректор на Универзитетот во Глазгов. Американскиот шпиун, како што го нарекуваат, за „Гардијан“ изјави дека станува збор за храбра и историска одлука која ја поддржува академската слобода.
„Во светот во кој нашите мисли, сомнежи и планови мора да бидат на отворен интернет простор, масовниот надзор не е само прашање на приватност, туку и општ човечки избор“ изјавил Сноуден. Меѓу претходните почесни ректори на овој Универзитет, до сега биле и сопругата на Нелсон Мендела, Вини Мендела и Мордечаи Вануну кој на британските медиуми им го откри тајниот израелски нуклеарен проект во пустината Негев.
Станува збор за симболично место со тригодишен мандат, а ректорот единствено треба да ги застапува интересите на студентите.