(ВИДЕО) Со тегли и тенџериња охриѓани се туркаа за рибја чорба


Турканици за рибја чорба во Охрид. Охриѓани во редици и со саати чекаа да наполнат од чорбата која на градското пристаниште се вареше во голем казан.Полнеа во тегли,пластични кутии, тенџериња и потоа носеа дома за ручек.Screenshot_2

Оние кои не носеа никаков сад со себе можеа да си купат дрвена чинија по цена од 50 денари. Беа сварени 1,7 тон чорба или нешто повеќе од 6 000 порции, а во чорбата беше употребена риба лосос.

Манифестацијата се организира по повод Денот на рибарите во Охрид. Во водите на Охридското езеро беа фрлени пет буриња со вино, од кои четири со бело и едно буре со црвено вино. Најбрз годинава по бурето со црвено вино беше 20 годишниот Климент Доглев од населбата Кошишта.

Video – NovaTV

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1