Неодамна беше објавено видео на кое се гледаат неколку многу тешки противтерористички вежби кои мора да ги поминат службениците на Руската федерална служба за безбедност.
На снимката може да се види како се обучуваат дел од најелитните војници во служба на Владимир Путин.
Оваа агенција игра важна улога во источна Украина, а на тренингот се гледа како командосите користат вистински мечеви, со што самата вежба е уште пострашна и потенцијално смртоносна.