Триесет и девет годишен Србин е убиен на паркинг, а уште едно лице од иста националност е тешко повредено на друго место во градот Абенсберг во јужна Германија. После пукањето полицијата уапсила двајца осомничени Албанци.
Според информациите на Билд, двајцата осомничени во Абенсберг биле фатени во околу 19.30 часот, скоро цел час и половина после дојавата во полиција за пукањето. Полицијата била распореена на многу места, а хеликоптер кружел над градот цело попладне.