Видео: Сведок вели џихадистите палеле живи луѓе во печка за леб!


Во Сирија од терористите се ослободени многу градови и села, а по малку и тие се враќаат кон мирниот живот. Некогаш големиот индустриски центар на Сирија, градот Адра сега се опоравува. Во градот работи градежната опрема, струјата се добива регуларно, а има и сигурна телефонска врска, соопштува tvzvezda.ru.PECKA

По годините минати во војната населението на Адра е смалено за 40 пати. Наместо 20 000 луѓе сега во овој руиниран град останале само 500.

Сопственикот на оваа мал пекарница за леб во Адр,а Јунис Хамуд како сведок се сеќава на нечовечкото однесување и суровоста на терористите од “Џебат-ан-Нусра”.

„Терористите ја зазедоа пекарата, но еден сириски војник се скри внатре. Пет часа траеше сè, а потоа терористите во печката ги фрлија убиените, а потоа и повредените. Тие живи ги изгореа”, раскажува мажот.

Многу куќи и блокови во Адра во моментов се претворени во урнатини. Во градот веќе работи градежната техника која полека го расчистува градежниот шут и работи на обнова на зградите, куќа по куќа. Половина од уништените згради властите ветуваат дека ќе ги обноват уште до крајот на годината.

Генерално е вратена струјата, а има и сигурна телефон врска. Во градот во моментов речиси невозможно да се најде работа, а луѓето се потпираат главно на хуманитарната помош која пристигнува.

Откако сириската власт се врати во градот, повторно почнала да работи и болницата, а наскоро ќе биде отворено и училиштето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1