ВИДЕО сведоштво – силувана на 15 години, за влакно им побегна на џихадистите


Ариа и нејзината другарка ги одвеле во Фалуџи каде што требале да се венчаат за двајца исламисти, Абу Хасан и Абу Џафар..

Ариа има само 15 години.  Заедно со илјадници сограѓани, таа се криела во близина на Духок, северозападен Ирак. Пред шест недели, кога тргнале накај кампот, ги пресретнала немилосрдната војска на ИСИС.

girlraped-Ги одвоија девојките и жените од мажите. Не натераа да влеземе во комбе и  не возеа 120 километри до Мосул. Не затворија во три куќи и не заклучија со десетици други девојки кои веќе беа заклучени овде”, раскажува Ариа.

Тогаш започнал ужасот. Ги терале да го прифатат исламот, да го читаат Куранот и ги силувале постојано.

По повеќе од три недели притворени во ужасни услови пристигнал шеикот кој одбрал 20 девојки, вклучувајќи ја и 14 годишната другарка на Ариа.

-Ја силуваше. Многу од моите пријателки беа силувани. Но тешко ми е да зборувам за тоа, вели Ариа, затоа што сексуалното насилство е табу тема во нивната култура и жените жртви на сексуално насилство молчат бидејќи силувањето е срам за нивното семејство.

Прво,како што раскажува таа, сакале да го прифатат Исламот па ги терале да го читаат Куранот, но многумина од нив не знаеле да читаат. По повеќе од три недели притворени во ужасни услови пристигнал шеикот кој одбрал 20 девојки, вклучувајќи ја и 14 годишната другарка на Ариа.

“Постојано ги гледам нивните лица, имам кошмари. Не можам да престанам да размислувам на тоа како ги силуваа. Видов и доживеав премногу”, изјавила за новинарите на CNN длабоко истрауматизираната девојка.

Ариа и нејзината другарка ги одвеле во Фалуџи каде што требале да се венчаат за двајца исламисти, Абу Хасан и Абу Џафар.

-Тие беа навистина валкани, со долги бради. Високи и огромни, дури и маж би се исплашил. Ни дадоа мобилни телефони да им се јавиме на домашните и да кажеме дека ние сме го прифатиле исламот, раскажува.

Потајно тие побарале еден семеен пријател кој живее во Флауџи и којим помогнал да побегнат скриени под никаб.

Иако денес е со своето семејство, Ариа живее под постојани омаловажувања и осудувања од останатите сограѓани, но силната девојка вели дека мора да живее со тоа и дека животот продолжува.

Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1