Помошникот на Мурад, Рад Ахмед Али, кој ги водел курдите низ тунелот со светилка рекол дека еден од нив е мошне интересен. Внатре во него Исисовите милитанти изработиле бетонско засолниште под куќа па таму можеле да се сокријат кога им се заканувале воздушни напади.
Темелот на куќата попуштил по нападот, но бункерот останал недопрен.
Другиот тунел со кој биле поврзани голем број куќи имал сопствен систем на вентилација. Водел до борбените позиции. Неодамна бил користен со оглед на тоа дека курдите нашле чисти алишта кои се сушеле и кафе на шоретот кое требало да биде послужено.
Една соба била исцртана со графити на Исламска држава, а подот бил исполнет со стотина боци за вода, од кои некои биле нмаполнети со урина. Тоа докажува дека борците на ИСИС, во затворениот простор престојувале што е можно повеќе.
Под Синџар се откриени околу 40 подземни тунели во кои се наоѓале простории за спиење, електрична енергија, вреќи со песок, американска опрема за производство на бомби, лекови, како и копии од Куранот.
Два тунела биле долги дури неколку стотици метри, а почнувале и завршувале во некоја од куќите во кои се направени дупки во ѕидовите и подовите.Овие куќи сега се напуштени и разурнати, по едногодишните интензивни борби во Синџар.
Тунелите се тесни и високи токму толку за едно возрасно лице со просечна височина да може да стои исправено. Еден дел од тунелот потсетува на бункер, а во него се пронајдени копии од Куранот, ќебиња и перници.
На снимките може да се забележи дека во другиот дел од тунелот се наоѓале залихи со муниција, вклучувајќи и чаури од американско производство и опрема за правење бомби.