ВИДЕО: Татко и син 40 години се криеле во џунглата не знаејќи дека војната е завршена


Преживувајќи го страшното бомбардирање во кое загинало целото нивно село, Виетнамците Хо Ван Тан и Хо Ван Ланг се криеле во џунглата повеќе од 40 години убедени дека војната сè уште трае и дека е опасно да се приближуваат на населените места.

Таткото и синот се пронајдени во 2013 година, а во изминатите четири децении живееле во мала куќичка во зафралениот округ Тај Тра во областа Кванг Нгај.tatko-i-sin

Таткото Хо Ван Тан служел во северновиетнамската војска, а во 1972 година американското воздухопловство го бомбардирало неговото село , убивајќи ја неговата жена и двете деца. Тогаш одлучил да побегне со единственото преостанато дете во шумата.

Во текот на сите овие години избегнувале контакт со луѓето и живееле во мала колиба правејќи ги потребните орудија собирајќи храна и ловејќи низ џунглата.

Конечно по повеќе од четири децении во џунглата ги забележал еден човек и ги пријавил на властите. Пронајден е далечен роднина на таткото и синот кој ги убедил да се вратат во цивилизација и им објаснил дека војната е готова

Во почетокот не сакале да се вратат, верувајќи дека војната сè уште трае, но 85-годишниот татко морал да оди на лекар, и поради тоа биле принудени да ја напуштат џунглата.

Додека престојувале надвор од цивилизацијата таткото и синот јаделе овошје и зеленчук, мед, подготвувале месо, вклучувајќи лилјаци, птици, жаби , гуштери, мајмуни, глувци , змии и риба.

Следните три години ги поминале на село, навикнувајќи се на цивилизацијата. Пред извесно време се прочуло за нив во Виетнам, а Алваро Керезо, директор на туристичка компанија од Хонг Конг го убедил синот да јаодведе екипата и да му покаже како живееле.

Таткото и синот се пронајдени во 2013 година, а во изминатите четири децении живееле во мала куќичка во зафралениот округ Тај Тра во областа Кванг Нгај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1