ВИДЕО: Таткото на Заев осуден поради кражба на струја


Панче Заев, татко на струмичкиот градоначалник и кандидат од СДСМ за истата фунцкија Зоран Заев, е осуден на условна казна поради кражба на електрична енергија во висина од 144 илјади денари, објави денеска Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.
g_presuda1“Основен суд Струмица на 13-ти декември 2012 година со пресуда број 874/2012 година го осудил условно. Сторителот успеал од енергетската мрежа да украде фантастични 15.470 кв односно 144.329 денари. Од друга страна Фирмата Зови Промет чиј управител е Панче Заев ги има добиено сите тендери за набавка на детските градинки во висина од 350.000 евра. Односно, само во последниот мандат на Зоран Заев сите детски градинки во Струмица набавките ги вршат преку фирмата ЗОВИ ПРОМЕТ чиј управител е токму неговиот татко Панче Заев“, рече на денешната прес конференција Славе Гошев од ВМРО ДПМНЕ.
Гошев додава дека Заев наместо да се фали дека ги плаќа туѓите сметки за струја да почне да ги плаќа своите.
Заев реагираше на прес конференцијата на Гошев велејќи дека ова е обид за негова дискредитација.
g_zaev slika za web“Преку конструирање на лажни обвиненија, подметнување изјави и вадење од контекст реченици се труди преку нивните гласноговорници и мегафони да испровоцира и создаде лош имиџ за мене.
Жално е тоа што наместо да се радуваат и да ги поддржат проектите кои се од интерес за граѓаните тие трошат енергија, време и народни пари за моја дискредитација и омаловажување“, вели Заев во реакцијата во која сепак не ги демантира тврдењата на Гошев.

Извор – Нет Прес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1