ВИДЕО: Телевизиите со црн екран – во протестот против предлозите на СДСМ за медиуми


Предлогот за измени во законската регулатива за медиуми е срамен и не треба да се земе во предвид се додека на маса не се најде нормален предлог кој ќе води кон либерализација на медиумскиот простор, кој ке води кон либерализација на медиумскиот простор, реагираат 4-те национални телевизии во земјава.

4 те телевизии со национална концесија Алфа, Канал 5, Сител и Алсат преку заедничко соопштение изразуваат најостар протест за идеите на СДСМ кои водат кон целосна цензура на медиумите.alfa500

Најавуваат дека ако преговорите за медиумската сфера продолжат во правец на воведување на партиска диктатура и контрола на медиумите – нема да го следат изборниот процес. Најголемите телевизии преку заеднично соопштение бараат:

-Овој срамен предлог останатите партиите кои преговараат со СДСМ, да го отфрлат со индигнација и воопшто да не го земат во предвид, да ги прекинат преговорите, се додека на маса не се најде нормален предлог кој ќе води кон либерализација на медиумскиот простор.

– Сите странски дипломатски претставништва јавно да се оградат и да го осудат овој обид за репресија на медиумите и новинарите.

– Посредникот во преговорите Питер Ван Хојте да се произнесе јавно дали подржува ваков предлог, и да ни покаже еден пример во европски рамки кај што постои нешто вакво. Ние како најголеми телевизии, уште во текот на денешниот ден ќе започнеме со протесни активности, кои ќе се радикализираат со тек на времето.  Уште сега најавуваме дека ако преговорите за медиумската сфера и понатака продолжат во правец на воведување на партиска диктатура и контрола на медиумите, ние како најголеми медиуми во државата нема да го следиме изборниот процес, ниту преку нашите информативни емисии, ниту преку емитување на платена политичка програма. Воедно, ги повикуваме сите електронски медиуми евидентирани во регистарот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се приклучат во протестот и придонесат за квалитетно и долгорочно регулирање на медиумската сфера

Во врска со предлозите на СДСМ за измени во законската регулатива за медиуми, најголемите телевизии го бараат следново:

– Најголемите Национални ТВ станици се АПСОЛУТНО ПРОТИВ ПАРТИЗИРАЊЕ на Агенцијата, односно се противиме ВЛАСТА или/и ОПОЗИЦИЈАТА да именуваат членови на СОВЕТ или пак да го именуваат ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИ или било кое друго лице кое ќе работи во оваа Агенција
– Во Советот на Агенцијата за медиуми не може да членуваат членови од МАН или ЗНМ а да нема претставници од ММА ( Асоцијацијата на Национални Терестријални ТВ станици ). Не се согласуваме новинари да одлучуваат за нашиот медиумски бизнис.
– Се противиме и не прифаќаме ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА да има неограничена моќ при казнувањето шта ќе резултира и со можност за одземање и на лиценци на телевизиите и при тоа евентуалната судска тужба да НЕ ЈА ОДЛОЖИ казната која може да биде драконска!
– Категорично сме против тоа да  ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА сам да може да одлучува : што е а што не е објективно новинарство,непристрасно новинарство, кој негува а кој не морални и хумани вредности, дали новинарите и уредниците во својата работа се одговорни или се неодговорни, самостојни или не, или независни или не…и повторно да може БУКВАЛНО да затвори некоја ТВ станица по свое сопствено убедување, поради нарушување на една од овие категории
– Наместо да се намалат и онака огромните казни, предлогот на СДСМ е тие да се покачат за 3 до 4 пати, и при тоа да можат да се воведе казна за физички лица од медиумите во висина од 20.000 евра! Бараме минимални казни во работењето на медиумите, при што ќе мора да се применат неколку предупредувања и сугестии пред да се донесе одлука за одредена казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1