Откако завршила средбата на Пендаровски со жителите на Лисиче, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ продолжиле меѓусебно да се навредуваат, а на крај и физички се пресметале.
„Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи со тепачка на ул.Ѓорѓи Капчев, помеѓу З.Л.(1996), К.Л.(1985), С.Л.(1959) и А.Л.(1998) од ул.Ѓ.Капчев (членови на СДСМ), од една страна, и И.И.(1998) и неговиот татко Б.И.од истата улица (членови на ВМРО-ДПМНЕ)“, информира полицијата.
Шестте лица ќе добијат соодветни пријави.