ВИДЕО: Терористите од Париз биле издрогирани за време на нападите


Напаѓачите во Париз биле издрогирани за време на нападите. Опрема за користење дроги, пластични шишиња и остатоци од пица. Тоа е се што останало во хотелската соба на главните осомничени за нападите во Париз.teroristi-isis-pariz500

Осомничените во оваа соба престојувале ноќта пред нападите, а според фотографиите, најверојатно 26-годишниот Салех Абдеслам по кого е распишана меѓународна потерница, бил издрогиран вечерта кога беа извршени нападите во француската престолнина, јавуваат светските медиуми.

Полицијата верува дека тој заедно со мозокот на операцијата Абделхамид Абауд во моментов се наоѓа во станот во Сан Дени што е опколен од полицијата.droga-teroristi-pariz500

Абдеслам преку интернет ги резервирал собите во хотелот за себе и за бомбашите користејчи го сопственото име. Тој барал две поголеми соби каде може да бидат сместени повеќе лица една недела, а платил со сопствената кредитна картичка.

Според извори блиски до истрагата собите во хотелот во Алфорвиј биле резервирани од минатата среда.

Хотелот нема видео-надзор, а во собата биле најдени траги од ДНК. Полицијата исто така го запленила компјутерот од рецепцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1