Во камионот на напаѓачот од Ница кој синоќа уби повеќе од 84 луѓе, била пронајдена неговата лична карта и потврдено е дека станува збор за Французин со потекло од Тунис. Камионот бил полн со оружје.
Се шпекулира дека бил поврзан со Исламска држава и дека зад нападот уште еднаш стои муслиманскиот радикализам. Светските медуими пренесоа дека напаѓачот ѝ бил познат на полицијата заради потенцијални кривични дела и сомнителни активности, но не бил директно поврзуван со тероризам.
Според сведоштва на очевидци, камионот со полна брзина удрил во толпата нешто по 23 часот и 20 минути, предизвикувајќи паника меѓу присутните. Возачот терорист викал „Алах Акбар“ додека газел луѓе цели два километра.