Видео: Tинејџерка од Норвешка е најмладата милијардерка на планетата!


Александра Андерсен е професионален дресер на коњи и живее во Германија, а “Forbes” ја ставил на листата на најбогати луѓе во светот.milijarderka1-630x581

Парите кои ја лансирале на 1.475. место меѓу најбогатите луѓе во светот, 1,2 милијарди долари, ги добила од својот татко Јохан Ф. Андерсен, кога на неа и на нејзината 20-годишна сестра Катарина им препуштил удел во компанијата “Ferd Holdings”.

Андерсенови не се новокомпонирани богаташи. Прадедото на Александра ги поставил темелите на семејната компанија и станал најголем произведувач на цигари. Наследниците работеле, ја зајакнувале и ширеле компанијата и стекнувале богатство.

Не е чудо што Александра во едно интервју, кое било објавено на веб страната на семејната компанија, зборувала за одговорноста која ја има и дека парите сами по себе не се доволни за успех.

Покрај тоа, Александра не го троши богатството расфрлајќи пари по монденски места и манифестации и дивеејќи по забави. На социјалните мрежи нема сцени од распуштен живот, но има снимки од јавање, со кое професионално се занимава, посебно со коњот Беламур, со кој освоила бројни признанија. Често поставува и снимки и фотографии од своите кучиња.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1