Американски поштар направил повеќе од 1.300 деца (ФОТО)


Пензиониран 87-годишен поштар од Нешвил, Тенеси е татко на повеќе од 1.300 деца, докажале бројни анализи на ДНК.

Оваа шокантна вистина на видело излегла сосема случајно. Се започнало кога двајца мажи го побарале детективот Сид Рој за да открие кои се нивните биолошки родители.postar

– Се започнало во 2001 година кога двајца мажи кои немаат ништо заедничко дојдоа кај мене и ме изнајмија да дознаам кои им се биолошките татковци. Бев вчудоневиден кога по подолга истрага дознав дека имаат ист татко. Тоа беше мистерија која за мене стана мисија, па продолжив да го истражувам овој случај. Со време ДНК анализите станаа евтина работа и лесен начин да се дознае нешто, па тоа ми помогна да соберам многу информации – изјавил Рој чија истрага траела 15 години.

– А начинот на кој овој пензиониран поштар станала татко на повеќе од 1.300 потомци е едноставен, тој одлично го имитирал легендарниот музичар Џони Кеш.Postar

– Контрацепцијата во тоа време не била популарна. Немам од што да се срамам. Шеесетите години беа добри години и јас одлично го имитирав Џони кеш, а тоа одлично поминуваше кај дамите. Некои дури беа убедени дека јас сум Џони Кеш. Ни денес не знам дали навистина мислеа дека јас сум самиот музичар или пак се обидуваа сами да се убедат во тоа, но зошто па да го одбивам сексот за една вечер – изјавил овој поштар.

Интересно е тоа што откриените потомци немаат намера да го тужат својот биолошки татко, по никаква основа.

– Повеќето кои ја дознаа вистината не сакаат тоа да се разоткрите и сакаат да останат анонимни. Откривањето на вистината би уништило стотици семејства и тоа не е целта на оваа долга истрага – изјавил Рој.

Иако досега се откриени повеќе од 1.300 потомци на овој поштар, Рој смета дека таа бројка може да биде поголема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1