Километарски колони на бензиските пумпи низ целиот Балкан. Надлежните смируваат дека гориво и резерви има. Но тоа не им значи нешто на оние кои одлучиле да си го наполнат автомобилот. Но има и такви кој на бензиска дошле со контејнери за вода и нив ги полнат.
Ова видео ни го испрати наш читател. снимено е попладнево во Нови Сад. На него се гледа колку литри гориво наточиле овие луѓе.
Иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа јасно кажа дека се обезбедени доволни количества нафта и дека граѓаните не мора да брзаат кон бензинските пумпи, некои компании се обидоа вештачки да предизвикаат недостиг со ограничување на продажбата на горивата чии цени се замрзнат до 14 март. Станува збор за бензинот еуропремиум БМБ 95 кој не може да биде поскап од 171 динар за литар и еуродизелот од 179 динари за литар. Токму за овие категории некои компании денес ја ограничија продажбата на 20 литри за автомобили по резервоар, 50 литри за трактори и 100 литри за камиони.
Истовремено, забранија точење на еуродизел во канистри и лименки, без разлика на овластувањата што им го дозволуваат тоа.
Граѓаните да не паничат, во Македонија гориво има, уверува и министерот Бектеши, откако во текот на денот, но и вечерва на неколку бензиски беа забележани колони возила. Бектеши вели во добра состјба се и нафтените резерви и нема потреба од вакви гужви.
И од РКЕ потврдија дека нафтени деривати има и трговците редовно прават набавки, но дека дел од малите трговци се однесуваат не фер. За ова до нив пристигнале и поплаки од поголем број потрошувачи.
Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, велат од регулаторната комисија.
Денеска попладнево во Штип граѓани и до едне час чекале во редици на бензиските пумпи за да наточат бензин. Помали гужви можеа да се забележат и на некој бензиски во Скопје.
Пред три дена, цената на сите горива се зголеми за денат и половина. Дизелот чини 75,5 денари за литар и всушнот го достигна рекордот од пред 10 години. 98 се точи по цена од 86 денари, а 95 ката по 84 денари за литар. На светските берзи пак цената на нафтата достигна до 113 долари а барел. Нова корекција на цената на горивата ќе биде направена во понеделник.