Министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи денес заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски го посетија собирниот центар каде се примаат бегалците.
Тие го посетија шаторот каде се сместени лицата кои имаат приоритет, односно мајките и децата и лицата со инвалидност. Во шаторите има и греење.
Тодоров им се заблагодари на лицата за хуманата работа, а тие возратија дека се трудат колку што е можно истата подобро да ја завршат и да им помогнат на бегалците.