Силно торнада, грмотевици и обилни дождови го погодија попладнето Рим, главниот град на Италија. За само 40 минути паднале 60 литри дожд на квадратен метар. Силна олуја предизвика значајни материјални штети во градот
Многу улици во целост биле блокирани и поплавени од водата, а сообраќајот бил прекинат. Подрумите на зградите и државните објекти се поплавени.
Населбата Бочеа, на северозапад од Рим, беше погодена од силно торнадо. Десеттина лица побарале помош поради паника или повреди. Пијавица од торнадото го погодило населеното подрачје.
Неколку пијавици биле забележани над морето кај градот Санта Север, а бројните туристи во овој регион ги напушитиле одморалиштата, денеска и во изминатите денови.