Со текот на времето, домаќинките стануваат се покреативни и измислуваат мноштво техники за бојадисување јајца.
Од интересни шарања со тревки, до врзувања во хулахопки и ластичиња за коса, но оваа година интернетот полуде по најновиот хит на бојадисување јајца со помош на пена за бричење!
Новата техника овозможува да се добијат јајца во сите нијанси, а во рекордно време оваа техника ја прегледале повеќе од 2 милиони луѓе.
Доколку ве загрижуваат хемикалиие од пената за бричење, истиот трик може да се направисо шлаг или слатка павлака.
Она што ви е потребно е пена за бричење, разнобојни бои за колачи, јајца со бела лушпа, а од помошен прибор една чинија, хартиена салфета и две лажици.
Резултатите ќе ве воодушеват, ќе добиете најубави шарени Велигденски јајца.
Подетално, постапката погледнете ја во видеото во продолжение: