ВИДЕО:ЦРНА ГОРА СЕ ТРЕСЕ: Опозицијата протестира „МИЛО ДОСТА ЈЕ БИЛО“


Протестанти од сите краеви на Црна Гора се собраа на плоштадот во Подгорица за уште еднаш да побараат оставка на владата на Мило Ѓукановиќ и распишување на предвремени парламентарни избори.

Под силно полициско обезбедување тие се упатиа на прошетка до зградата на Парламентот извикувајќи Мило крадецу и пеејќи Ој Косово. Владата на својот твитер профил објави дека се фрлени неколку камења на амбасадата на Албанија но дека нема поголеми оштетувања.Членот на претседателството на  опозицискиот Демократски фронт Милан Кнежевиќ  пред почетокот на протестот побара итна оставка на Мило Ѓукановиќ и формирање на преодна влада а своето обраќање го заврши со зборовите Честита нова Црна Гора.crna_gora

Припадниците на демократскиот фронт истакнаа дека вечерва Црна Гора го полага демократскиот испит на зрелоста. Владеачката демократска партија на социјалистите пак ја стави под знак прашање масовноста на протестите.Додека опозиционерите одговорија дека излезноста ќе била поголема доколку полициски лица облечени во цивилка не вршеле притисок на граѓаните

.Демократскиот фронт веќе 20 дена протестира во главниот град на Црна Гора давајќи и рок на владата до денеска да си поднесе оставка а ако не го стори тоа ќе ги прошири демонстрациите. Власта пак најави дека е спремна да распише избори на 2 декември, откако земјата ќе влезе во НАТО.

Помалиот коалиционен партнер во владата социјал демократската партија потврди дека овие денови актелната влада е практично со технички мандат и дека тие ќе дадат поддршка само на прашањето за евро интеграциите додека Црна Гора не добие покана за влез во НАТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1