Италијанската полиција уапси една жена, осомничена дека е организатор на највлијателната сицилијанска мафија.
Покрај тоа, Тереза Марино (38), е мајка на пет деца и баба. Како што се наведува, таа ја води Porta Nuova моќната фракција на Коза Ностра во Палермо, додека нејзиниот сопруг Томазо Ло Прести се наоѓа во затвор.
Притворени се уште 37 лица во Палермо, Рим, Неапол и Милано. Тие се осомничени за изнуда, трговија со дрога и оружје и разни измами.
Ло Прести беше уапсен минатата година, со 18 шефови на мафијата. Кога тој отиде во затвор, Тереза ја презеде неговата работа на сите фронтови. Така, на пример, го намали надоместокот за жените на мафијашите кои се во затвор. Исто така, таа им наложуваше на овие жени како да се однесуваат во судот, доколку за тоа има потреба. Таа им рече да не плачат во судницата.
“Покажете им дека сме горди, а болката да ја оставите дома”.
Марино нашла начин како да го скрие профитот од трговијата со дрога, преку својот бизнис со рибни производи.
Покрај тоа, се товареле со кокаин и трговските бродови од Јужна Америка.
Полицијата заклучи дека овие настани докажуваат дека мафијата може лесно да се реконструира и да почне одново.
“Тоа што таа ја презеде улогата на лидер на кланот покажува дека времињата се променија, денес владее родовата еднаквост”, изјави јавниот обвинител на Палермо.