ВИДЕО: Уапсен маратонец – Се криел во публика, па завршил втор на трката


Кениската полиција уапсила маратонец кој со измама ја заврши трката како втор на интернационалниот маратон во Најроби.

Полицијата и официјалните лица на трката соопштиле дека 28-годишниот Џулијус Њогу се сокрил меѓу гледачите, а во близина на целта се придружил кон водечките маратонци.maraton500

Њогу во спринтерски финиш го завршил маратонот како втор, а за тој „успех“ требало да осои награда од седум илјади долари, но во меѓувреме е фатен и дисквалификуван.

Официјалните лица од трката соопштиле дека им било сомнително што кај Њогу не виделе никакви знаци на замор, а натпреварувачот не бил ниту испотен.

Малку подоцна било утврдено дека Њогу трчал само еден километар пред да стигне до целта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1