Ова видео може да го спаси животот на вашето дете!


Британската болница Сент Џонс сними едукативно видео кое досега спаси повеќе од 40 детски животи.

Во кусиот но осмислен анимиран филм, играчките објаснуваат што треба да прават родителите или било кој друг ако се најде во оваа ситуација, кога дете ќе проголта играчка и почнува да се гуши.savelife

Вработените во болницата спровеле истражување кое ги поттикнало да преземат сериозни чекори. Имено, резултатите од анкетата спроведена на лица кои завршиле на одделението за итна помош, покажуваат дека дури 40 отсто од родителите не знаат што треба да направат кога детето ќе проголта нешто ситно и ќе почне да се гуши.

За да ја поттикне јавноста одлучиле да го снимат ова видео во кој главни актери се токму предметите кои најчесто завршуваат во душникот на детето.

Погледнете како тоа го прикажале, зошто никогаш не се знае кому можете да му спасите живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1