Шокантен извештај во САД: Во хот-дог пронашле траги од човечка ДНК


Американците се луди за хот-дог. Само за Денот на независноста Американците вкупно изедуваат по 150 милиони парчиња од оваа брза храна. Хот-догот е неизоставен продукт на трибините за време на безбол или кошаркарските натпревари, совршен оброк за да се „убие“ гладот кога немате време да седнете во ресторан или пак да си зготвите нешто дома.

Меѓутоа, најновото истражувње покажува дека недовербата кон виршлите во хот-догот имаат добра основа.Virsle-300x201

Организацијата „Clear Food“, која се занимава со анализа на хрна врз основа на молекулите, состојка по состојка, објави извештај во кој открива дека во мал број тестирани хот-догови се наоѓаат траги од човечка ДНК.

Поточно биле тестирани 345 парчиња хот-дог, односно виршли од 75 производители и 10 трговци од малопродажба, а од нив 14,4 отсто на некој начин се покажале проблематични.

Во 2 проценти од тестираните производи била пронајдена човечка ДНК, која била и во две третини во вегетаријанските колбаси. Вкупно 10 отсто од вегетаријанските производи содржеле траги од месо.

Исто така извештајот, покажал дека некои производи содржат состојки кои не се наведени на декларацијата, односно дека некои од наведените производи всушност воопшто ги нема во составот. Наспроти тоа, „Clear Food“ наведува дека некои од тестираните производи имаат завиден квалитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1