Видео: Уапсени полицаец, Хрват, дебарчанец и тетовчанец


Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Оддел за недозволена трговија со дрога при МВР во содејство со Царинската управа на Р. Македонија реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога – марихуана, при што запленети се околу 23,5 килограми високо квалитетна марихуана, со што е пресечен меѓународен канал за НТ со марихуана на релација од Р.Албанија до Р.Македонија со крајна дестинација Р. Хрватска.

Поточно, вчеравечер (31.05.) околу 21,50 часот во Скопје, а по претходно добиено сознание за можен транспорт на марихуана, од страна на полициски службеници и припадници на мобилната екипа при Царинската управа на РМ, сопрено е товарно моторно возило со хрватски регистарски ознаки управувано од лицето Џ.С. (59) хрватски државјанин, над кое е извршен претрес.

mvr_apsenjaПри претресот на товарно возило во возачката кабина пронајдени се: еден црн кофер во кој имало седум пакувања со различна форма исполнети со НН растителна материја, црвена патна торба во која имало три полиетиленски пакувања со различна форма исполнети со непозната растителна материја и еден темно плав кофер во кој има две големи полиетиленски вреќи исполнети со НН растителна материја.

Според документираните сознанија од истрагата во текот на мај годинава, лицето С.С. (48) од Тетово организирал купопродажба на наркотична дрога марихуана за НН лице од Р.Хрватска, при што од лицето К.И (37) од Дебар побарал да му набави 25 килограми од дрогата.

Откако К.И ја набавил марихуаната заедно со лицето М.Р (31) од Дебар кој е вработен како полициски службеник во ПС Дебар кај кого е пронајден еден пиштол марка “Застава“ со калибар 9 мм и една рамка со 8 куршуми кој го поседувал без одобрение, го изрвшиле транспорт на марихуана од Дебар до Тетово, а потоа заедно со лицето С.С дрогата му ја предале на хрватскиот државјанин кој требало да ја транспортира до Р.Хрватска и да ја предаде на НН лице од Р.Хрватска нарачател на марихуаната.

Пронајдената растителна материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ, при што е констатирано дека се работи за марихуана со висок квалитет во вкупна тежина од 23, 580 килограми која на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 70.000 евра.

Кривична пријава ќе биде поднесена против лицата К.И, С.С, Џ.С и М.Р поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Одделот за недозволена трговија со наркотици презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на евентуално други инволвирани лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1