ВИДЕО: Владиката Качавенда го силуваше момчето кое се разнесе со бомба!


Ѓаконот отец Серафим за српската ТВ Прва рече дека владиката Качавенда силувал едно момче кое потоа се саморазнело со бомба

Неверојатни работи кои се случувале во српската црква, суровата реалност низ која поминал покрај влдиката Василиј Качавенда, раскажа еден од неговите ѓакони во првиот дел од емисијата „Животот раскажува“.kacavenda-DETE

Во емисијата на ТВ Прва, ѓаконот Бојан Јовановиќ, односно отец Серафим, на авторката и водителката Тања Војтеховски и ги раскажа неговите искуства со владиката Качавенда и сознанијата за тоа што се правел контроверзниот српски владика.

-Владиката го силуваше момчето Милиќ Блажановиќ, кого го повика во манастирот оти немаше пари да се школува, ветувајќи му дека подоцна ќе го продолжи школувањето, вели Бојан Јовановиќ, отец Серафим.

Според официјалната верзија, момчето се саморазнело со бомба во 1999 година во неговата соба во конакот на манастирот Папраќ.

Јовановиќ вели дека кога доаѓале во манастирот Папраќ, отец Братислав Марковиќ вперил автоматска пушка во него и владиката велејќи: „Ќе ве испотепам сите вас педери!“bojan-jovanovic-otac-serafim-otac-serafim-foto-tv-prva-printskrin-1447801479-786589-300x202

Отец Серафим тврди дека во портата на манастирот Папраќ почиваат делови од телото на момлето Милиќ Блажановиќ кое „се разнесе со бомба поради тоа што беше силуван од владиката Качавенда“.

-Милиќ му се доверуваше на отец Стефан. Тој и јас во тајност ги погребавме деловите од телото на момчето во портите на манастирот. Отец Стефан беше следниот, тој го знаеше тоа, вели Јовановиќ во емисијата.

Кога последен пат се видел со момчето тоа почнало да му се заблагодарува, сведочи Јовановиќ во емисијата, „како да претчувствуваше дека нешто ќе се случи“.

Јовановиќ раскажува дека кога дознал што се прави владиката, „станал мета на платен убиец“.

Како што вели отец Серафим, владиката Качавенда се обидел и него да го силува по доаѓањето во дворот на владиката, а му нидел стан, автомобил и пат во Русија.

-За склоностите на Качавенда јавно се знаеше, тоа се прикриваше, а за сите нас кои му бевме блиски се мислеше дека сме хомосексуалци и како такви не етикетираа. Се најдов на еден метар од пушката калашников, а кога му избега мислата отрчав кај Качавенда, му реков дека има пушка, но тој тогаш ми рече да се вратам назад и дека отец Братислав треба да ме убие за тие да можат да побегнат низ прозорецот откако претходно ќе ги соблечат мантиите, раскажува ѓаконот.milic-blazanovic-1400187371-497379-300x202

-Кога дојдов во манастирот ми рече да се соблечам за да види како сум граден, за да види каков крст да ми даде, што да облечам… Тогаш многу се разочарав. Тоа беше шок, не знаев како да реагирам.. Му реков дека нема потреба од тоа. Почна да ме допира и да ме фаќа обидувајќи се да ме бакне, вели Јовановиќ додавајќи дека потоа тоа се случува секојдневно, но дека никому, ни на полицијата ни кому било во СПЦ не можел да му се обрати оти се плашел убеден дека сите тие се поврзани.

Во дворот на владиката се организираа „хомосексуални балови“, тврди отец Серафим, а една вечер за време на еден таков собир, му кажале да не излегува од неговата соба.

-Се симнав во кујната и земав нож. Си реков себеси, сега ако дојдат да ме силуваат јас ќе се бранам. Таа ноќ ја поминав во страв. Слушнав чекори, потоа некој почука на вратата. Потоа влезе Качавенда, ме праша зошто не сум се симнал и не сум бил интимен со нив, вели Јовановиќ.

Како што вели ѓаконот имало повеќе обиди за силување.

-Еден ден владиката седеше на фотелјата, а јас на каучот. Потоа скокна врз мене и почна да ми ја кине кошулата. Почна да ме фаќа за ногата, за половиот орган и градите, тврди отец Серафим.

Тој тврди и дека му велел на Качавенда да престане да го злоставува, му рекол да најде некоја жена да го служи, а Качавенда му одговорил дека „жените се валкани, а само машките деца се за него, а најдобро момчиња од 10-11 години“.

Отец Серафим тврди дека владиката во еден момент издвоил 30 илјади марки и му рекол дека тој како вероучител е во постојан контакт со деца, дека ги познава, дека знае кое од нив нема родители, и дека треба да им дава пари „по 500 или 1000 марки“, а тоа да биде помош од СПЦ, но потоа да ги доведе кај владиката за „владиката да ги избере оние кои се за него и неговото друштво“.

-Му реков дека јас тоа не можам да го правам, да подведувам деца, вели Јовановиќ пред крајот на емисијата.

Во емисијата е цитирано и пишано сведочење на едно од момчињата кои наводно биле мета на владиката Качавенда.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1