ВИДЕО: Во сообраќајката кај Демир Капија повредени и мајка и 2 деца – загинаа сопружници, дете се бори за живот


Маж и жена од Скопје загинаа во сообраќајната несреќа помеѓу автомобил и автобус што се случи утрово околу 7 часот и 20 минути на патот Удово – Демир Капија.lekar

Во автомобилот со сопружниците било и нивното седумгодишно дете, кое има тешки повреди во пределот на градниот кош и стомакот. Според информации од нашите допсиници од терен, детето е во животнозагрозувачка состојба и во моментов е пренесено на скопските клиники.

Останатите тројца повредени се една мајка и нејзините две деца, кои се со лесни повреди. Мајката е со скрешен колк, но заедно со децата, поради видна вознемиреност е задржана на болничко лекување.

Сообраќајката се случи кај месноста Свети Петка. Автомобилот во кој биле мајката, таткото и детето удрил во автобус на „Струмица експрес“. Полицискиот увид е во тек, а по негово завршување се очекува да бидат познати причините за несреќата.

Петре Кодовски, доктор од велешка болница пред медиумите соопшти неколку детали околу хоспитализираните жртви на тешката сообраќајна несреќа.

Поради сообраќајка затворен магистралниот пат Удово-Демир Капија

Затворен за сообраќај од 7: 20 часот утрово поради сообраќајна несреќа е магистралниот пат Удово – Демир Капија, информираат од АМСМ.

Сообраќајната несреќа се случила кај месноста викана „Света Петка“, поради што сообраќајот е во прекин во двата правци.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

TV NOVA.MK

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1