Најмалку 28 лица се убиени и 50 други се повредени во нападот на аеродромот во Истанбул, изјавил за Си-Ен-Ен турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. Мртви се и двајцата бомбаши самоубијци.
Боздаг рекол дека еден од напаѓачите најпрвин отворил оган со калашников, а потоа се разнел на влезот на аеродромот.
Експлодирале две бомби. Едната од нив била лоцирана надвор од терминалот, а другата на вратата каде започнуваат безбедносните проверки на аеродромот. Претставник од турските власти рекол дека полицијата пукала во осомничените во близина на меѓународниот терминал, во надеж дека ќе ги неутрализира.
Видеа постирани на социјалните медиуми покажуваат патници како седат на подот на аеродромот. Човек вика: „Долу! Долу!“.
А според турските медиуми меѓу повредените има и деца