Видео ВО ЖИВО – 28 загинати на аеродромот во Истанбул, повредени и деца


Најмалку 28 лица се убиени и 50 други се повредени во нападот на аеродромот во Истанбул, изјавил за Си-Ен-Ен турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. Мртви се и двајцата бомбаши самоубијци.Istanbul

Боздаг рекол дека еден од напаѓачите најпрвин отворил оган со калашников, а потоа се разнел на влезот на аеродромот.

Експлодирале две бомби. Едната од нив била лоцирана надвор од терминалот, а другата на вратата каде започнуваат безбедносните проверки на аеродромот. Претставник од турските власти рекол дека полицијата пукала во осомничените во близина на меѓународниот терминал, во надеж дека ќе ги неутрализира.

Видеа постирани на социјалните медиуми покажуваат патници како седат на подот на аеродромот. Човек вика: „Долу! Долу!“.

А според турските медиуми меѓу повредените има и деца

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1