Видео: Војник е, а има само 8 години – детството во Сирија


Осумгодишниот Ахмед е син на сириски бунтовник, а камерата го забележа неговото стражарење на барикадата во градот Алепо. Неговите фотографии и видео снимката се објавени во бројни светски медиуми, како драстичен потсетник на дехуманизацијата на природата на војната.

dete vojnik„Дојдов овде да им помогнам на вујко ми и неговите пријатели, бидејќи немам друг избор. Училиште нема, семејството ми е загинато, што друго можам?“, раскажува Ахмед.

Овде секогаш има што да се прави, никогаш не ми е досадно. Од минатата година борбите значително се смирија, порано имаше повеќе минофрлачи, но снајперите се уште се голем проблем, раскажува со сериозен израз на лицето, додека пуши цигара како искусен пушач.

Судбината на Ахмед ја делат многу деца во Сирија – лишени од образованието и  вклучени во најопасните воени дејства, тие стануваат нова изгубена генерација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1