Група вооружени Албанци упаднале рано утринава во селото Растелица кај Куршумлије, информираат српските медиуми.
Како што пренесува ТВ Прва, при упадот се слушале пукотници, а во селото има силни полициски екипи.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Растелица не била единствено место за напад, упад е извршено и во уште едно село, каде од мештаните е украден трактор, пренесува Курир.рс