Во мигот кога попладнево во 14 часот и 19 минути удри уште еден земјотрес, со јачина од 3,7 степени по Рихтеровата скала, телевизија Алфа емитуваше контактна програма во живо.
Водителката се уплаши од новиот земјотрес и стана во обид да го напушти студиото, но професионално одлучи да остане на столчето и да продолжи со емисијата.
Во тој момент се јави еден гледач кај кој земјотресот наместо страв, разбудил желба за црн хумор, на кој се зачуди и водителката и гледачите.