ВИДЕО: Жени кои сеат страв и трепет


Тие се подеднакво спремни и ги имаат поминато истите обуки како и мажите во специјалните воени единици.Israeli soldier posts disturbing Instagram photo of child in crosshairs of his rifle

Бизнис Инсајдер направи листа на 6 елитни женски воени единици, подеднакво опасни како и мажите.

Курдски женски баталјони

Женските баталјони се дел од курдските Единици за народна заштита (YPG) и од 2012 година многу успешно учествуваат во борбите на курдскиот отпор против терористичките групи на Исламската држава. Женските единици на курдската одбрана имаат и психолошко влијание врз своите непријатели, бидејќи исламистичките милитанти наводно веруваат дека, ако умрат во борба против жена, нивните души ќе горат во пеколот.

Женската единица на руските специјални единици

Жените почнале да им се приклучуваат на руските сили “Spetsnaz” пред неколку години. Иако повеќето жени служат во мешани единици, постојат и самостојни женски единици обучени за воено разузнавање и извидување, како и да водат напади против странски војници во текот на напад на руската територија.

Женски специјални единици во Кина

Кина има единица на женски специјални сили. Седиштето е во Хонг Конг, а има 50 високо обучени борци.

Руската женска воздушна единица

Женската воздушна единица е дел од воздушните сили на Русија. Жените поминуваат низ истата обука и ги извршуваат истите задачи како мажите. Од денес тие млади жени се прилагодуваат на острите мерки на воената дисциплина и се менува нивниот начин на живот. Исцрпувачки маршови и вежби за пукање се нивна секојдневна рутина. Не си играат војна, туку се подготвуваат за неа со целата потребна цврстина.

Доброволна одбранбена служба на Шведска

 

Женските единици се дел од шведските трупи “Lotta Corps”, кои претставуваат резервни сили. Тие жени се дел од националниот план за одбрана во случај на инвазија на Шведска. Тие се обучени за основните воени тактики и стратегии. Меѓутоа, нивната главна работа е борбена поддршка или помош на таквите линии на фронтот.

„Калуѓерките од револуцијата“, Либија

Еден весник таа единица ја нарекол „Амазонска гарда“. Но, по почетокот на војната во Либија, тие жени биле клучни за личната безбедност на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Биле високо образовани во употреба на огнено оружје и во служење со боречки вештини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1