За време на секс го изговорила името на поранешниот маж – ја убил на монструозен начин


Најпрвин со стакло и нанесувал повреди по телото, па со голи раце и ги извадил внатрешните органи.

Фидел Лопез (24) е обвинет за убиство на својата девојка Марија Немет, кој воедно признал дека со голи раце и’ ги извадил внатрешните органи, откако таа за време на секс, два пати го изговорила името на нејзиниот поранешен маж.lopez

Лопез објаснил дека за време на убиството бил пијан, а откако Марија два пати го изговорила името на нејзиниот поранешен сопруг, тој најпрвин ја искршил стаклената врата во апартманот во Флорида. Потоа тој се вратил кај својата девојка која лежела онесвестена на подот од ударот кој и го задал.

Тогаш започнал да ја сече со искршеното стакло, па со голи раце и ги извадил внатрешните органи.

Пред да ја повика полицијата Лопез, ја однел во бањата да ја измие со вода обидувајќи се да ја врати во живот.

Потоа ги измил рацете, испушил цигара, се јавил во полиција и рекол дека неговата љубовница веќе не дише.

Лопез е уапсен и ќе му се суди за убиство од прв степен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1