ВИДЕО: Смртта на славните: Теорија на заговор или случајност?


Во 2013 година, смртта на актерот Пол Вокер познат по улогата во „Брзи и бесни“ ја рабранува јавноста. Актерот беше познат по тоа што собираше донации за семејствата кои ги изгубија домовите од тајкунот Haiyan, но сепак теоретичарите сметаат дека токму тоа што дознал дека парите се искористуваат за друга цел, го однеле во смрт пред да ја обелодени вистината.pol-voker

Во 2014 година, светот беше шокиран од веста за самоубиството на комичарот Робин Вилијамс. Иако медиумите излегоа со приказни дека тој долго време пател од депресија и дека станува збор за класичен случај на самоубиство, сепак теоретичарите сметаат дека тој всушност бил ладнокрвно убиен. Тие сметаат дека епизода во „Family Guy“ го предвидува неговото убиство и дека бил убиен од илуминатите во сатанистички обред.

Еден од најубавите вокали на сите времиња, Витни Хјустон, својата блескава кариера, слава и пари ги имала благодарение на тоа што била дел од тајно друштво. Сепак, претерувањето со дрогата и алкохолот, придонело членовите да се свртат против неа и да ја искористат во ритуал на жртвување.kristina vitni hjuston

Ова се само дел од неверојатните теории на заговор, а на интернет може да се најдат голем број видеа, кои ја покажуваат поврзаноста на славните личности со илуминатите и теориите дека тие потпишале договор со ѓаволот. Меѓу нив се Бијонсе, Кејти Пери, Мадона, Бритни Спирс и други.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1