Рафаел Фелмер (29) и неговото семејство живеат скромен живот за кој речиси и да не им се потребни пари. Својата храна ја собираат од контејнерите на супермаркетите во кои се продава органска храна, сметките ги плаќаат така што во зградата во која живеат извршуваат разни работи, а се што им е потребно добиваат преку трампа.
Пари користат само тогаш кога немаат апсолутно никаква друга опција.
Интерено е што овој пар не мора да живее вака – Рафаел е роден во богато германско семејство. Неговиот татко е успешен архитект, а мајка му е терапевт.
Тој дипломирал на Универзитетот во Хаг, така што доколку би сакал, сигурно може да добие добро платена работа.
Меѓутоа, Фелмер пред неколку години сфатил дека на светот постојат многу поважни работи од парите.
Бил поканет на венчавката на свој пријател во Мексико. Заедно со уште неколку пријатели се одлучиле да отпатуваат на веселбата без никакво трошење на пари.
Своето патување со бродови, автобуси и камиони, го платил со чистење и готвење на храна. Патувањето оставило таков впечаток на него, што од тој момент се одлучил да живее без пари.
Во Централна Америка ја запознал својата сопруга Ниеве.
Семејството живее во близина на Берлин. Станарината во зградата во која сега живеат, ја плаќаат со готвење на храна, чистење, чување на домашни миленичиња.
Рафаел храната ја собира навечер од контејнерите на супермаркетите во кои се продава органска храна.
Иако пристапот до имотот на супермаркетите во вечерните часови е кривично дело во Германија, компаниите не ги тужат луѓето како што е Рафаел.
Многу сопственици дури и ги молат своите работници да го сортираат отпадот и храната која се уште може да се консумира одвоено да ја оставаат на специфично место во контејнерите.
Како што објаснува Рафаел, тие сепак мора да трошат одредена количина на пари за сметките за струја и вода, бидејќи со државата не можат да преговараат. Сепак, тие сметки се многу мали.
Исто така, понекогаш трошат пари и на лекарски прегледи.