ВИДЕО: Живеела 122 години, а тоа што го направила на 90 ќе ве шокира


Французинката Жана Калман е жена која во историјата ќе остане, како една од најдолговечните лица на светот, бидејќи живеела 122 години. Таа е родена во 1875, а почина во 1997 година и целиот свој живот го помина во градот Арл. Покрај тоа што била жив сведок на голем број историски случувања, таа ќе се помни и по еден договор.

zanaa-675x320Имено во 1965 година на деведесетгодишна возраст Калманова потпишала договор со адвокатот Андре Францис Рафреј. Според тој договор адвокатот се обврзал да и плаќа по 2.500 франци месечно, а тој по нејзина смрт требало да го добие станот, бидејќи таа немала наследници. Адвокатот кој во 1965 година имал 47 години, своите обврски уредно ги извршувал, меѓутоа она на што сигурно не сметал било дека Калманова може да живее подолго од него. Рафреј во 1997 година починал, а до таа година тој и исплатил износ од 180.000 долари, што е двојно повеќе од вредноста на нејзиниот стан.

По смртта на адвокатот, неговата сопруга продолжила да и го плаќа месечниот надомест на Калманова. Во текот на сите тие години, Жана имала обичај да рече дека се натпреварува со Метузалемот, кој што е симбол на долговечност.

Инаку Калманова која е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност на светот, изјавила дека за нејзината долговечност се „одговорни“ начинот на исхрана и животот.

Таа секогаш била активна, а велосипедот престанала да го управува дури кога наполнила 100 години. Во текот на својот животен век тврдела дека маслиновото масло, кое го ставала на кожата е „виновникот“ за нејзината долговечност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1