Нови шокантни детали излегуваат околу масовното убиство на 6 деца и нивната мајка во стан во рускиот град Нижни Новгород
Според прелиминарните податоци на истрагата, мајката била бремена со седмото дете.
Околу зградата, инспекторите пронашле свежо ископани јами, маскирани со гранки. Најверојатно јамите требало да станат гробови за мајката и шесте нејзините деца.
Соседите велат дека родителите на децата биле многу побожни и не дозволиле во куќата да се употребува месо, па затоа се хранелесамо со вегетаријанска храна.
Продолжува потрагата по наводниот убиец-53-годишниот татко Олег. Б. На местото на убиството продолжува работа на истражителите. Специјален тим тргнал од Москва за да помогне во работата на случајот.