Видови главоболка и како да ги лечите


glavobolka

Причина:

Покрај тензијата и главоболката е честа појава, а причините се прилично распостранети. Истите се предизвикани од анксиозност, замор на очите, кофеинот, храната, малиот одмор, лошото држење на телото, стресот, гладдта, или нешто друго кое што го пореметува вашиот дневен распоред.

glavobolka12

Тензијата и главоболките исто така обично се создаваат по конзумирање на доста алкохол во една ноќ. Во суштина ако нешто е абнормално за вашиот ден, дали се работи за задоцнет ручек, или тензичните ситуации на работа, главоболките можат да се појават секој момент.

Третман:

Тензичните главоболки обично најдобро можат да се средат со лекови за болки, како што е аспиринот, или ибупрофенот, пред болката да стане сериозна. Тие не се лековити, но прават болката да исчезне по некое време. Дури и лута пиперка може да помогне во ослободување на болката. Доколку вашите главоболки се пречести, вашиот доктор може да има други решенија.

Инаку во меѓувреме подобро е да најдете вие решение за да ја минизирате истата. Ако главоболката ви е создадена од стрес, медитацијата може да помогне. Ако доаѓа од гладдта, тогаш јадете. Ако доаѓа од напрегањето на очите, оттргнете се од компјутерот некое време.

Превенција:

Тензичните главоболки нејдобро е да се спречат со подесување на вашата рутина, за да ги минимизирате потенцијалните предизвиквачи. Тоа еден вид на малку „судење и грешка“ метод, за да ги откриете причините од напнатостата, но доколку ја знаете причината за истата, дали истата е од преголем стрес, глад или замор, тогаш можете да ја спречите. Дури и одредени хранливи алергии може да ја предизвикаат главоболката.

Мигрена:
Причина: Според Клиниката Мајо, точната причина за мигрената е сеуште неизвесна, се смета дека генетиката и околината може да ја предизвикаат истата (околу 70% од светската популација страда од мигрена која што има наследно влијание). Хормоналните промени, стресот, необичните сетилни дразби (како чудните мириси, или светлина), промените во апетитот и спиењето, па дури и промената на времето е чин како потенцијален предизвикувач на мигрената. Вашата диета исто така има влијание на мигрената.

glavobolka13Третман:

Постојат мешавини од третмани за борба против мигрената. Некои од нив се „Imitrex, Zomig, Maxalt“ и истите се ефикасни за ослободување на болката нешто слично како аспиринот. Доколку ништо ова не успее, ладната глава и смиреност, би можеле да обезбедат минимално олеснување.

Превенција:

Мигрената и покрај тоа што може да биде наследна, таа обично е предизвкана и се препорачува, истите тие предизвикувачи, да ги сведете на минимум. Лесните вежби и прошетките можат да бидат одлични за ослободување од главоболката и да ја спречите мигрената. Исто така лековите како „butterbur“, магнезиумот (кои го има во лебот, бадемите, спањакот и др) како и „riboflavin“ (пронајден во житариците, тестенините, сосовите и многу повеќе) може да бидат ефикасни во намалувањето на фреквенцијата на нападите. Точно одреденото време на добар сон, секоја вечер исто така може да помогне во намалувањето на појавата на мигрената.

Синус Главоболиките:
Причините за ваквите болки обично се воспаление на синусот, алергиска реакција, или пак инфекција (како настинка или грип). Кога синусите се воспалени, истите можат да предизвикаат оток и зголемено количество на слуз.

glavobolka11Третман:
Третманите на главоболките добиени од синусите е слаб бизнис, поради тоа што напаѓате на два различни фронта. Според WebMD, најдобар третман е обично земањето на антибиотик, кои може да се справи со инфекција и антихистаминици кои можат да ви помогнат во справувањето со симптомите. Во борбата со синусите и главоболката, клучно е конзумацијата на многу течности.

Превенција:
Синус главоболката, често може да биде предизвикана од два извора, а превенцијата е нешто со кое што треба да ги намалите или елиминирате ваквите причинители и во двата случаи. За алергите кои што се поврзани со главоболката, навлажнувачите, носните спрејови и пареата може да бидат корисни. Одредени диетални додатоци исто така можат да помогнат вклучувајќи и „bromelain“ (материја пронајдена во стеблата кај ананасот) и „quercetin“. Намалувањето на контактот со алергените, исто така е клучен за спречување на синусните инфекции.

Се разбира ако инфекцијата доаѓа од настинка или грип, тогаш најдобарата идеја е да избегнете да се разболите. Добар сон, миењето на рацете и намалувањето на цигарите и алкохолот е најдобар начин да ја спречите болеста. Пареата исто така е добар начин за превенција на настинките.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1