Видовита од Даблин: Доаѓа крајот на светот, папата Франциско ги води католиците во пропаст!


Бог во наредните три години ќе покаже чуда кои се незамисливи од научна гледна точка, тврди извесна ирска пророчица која ја нарекуваат Марија од Божјата милост.

papa se sopnaПапата Бенедикт XVI е последниот вистински папа, а папата Франциско е лажен пророк кој ги води католиците во пропаст, напишала ирската пророчица, која себе се нарекува Марија од Божјата милост, во “Книгата на вистината” која Римокатоличката црква во Хрватска ја “дочекала на нож”.

Во контроверзната “Книга на вистината” која била претставена минатиот викенд во Сплит и Загреб, таа Ирка тврди дека добива пораки од светото Тројство, Исус и Богородица лично, и дека е пратена во итна и света мисија за спасување на сите души, но и да го предупреди светот за второто доаѓање на Христос и апокалипсата на католичката црква.

Пророчицата од Даблин вели дека чудата кои ќе ги направи Бог во наредните три години ќе се спротивстават на секое човеково мислење, научно откритие или искуство.

kniga-na-vistinata-prorok-dablin-01Земјата, Сонцето и Месечината “ќе произведат необичен спектакл и многумина ќе знаат дека тоа е единствено можно со Божјата Рака. Овие Чуда ќе се случуваат во период од три години и ќе се случат со причина”, било наведено во книгата.

Во тие чуда влегуваат и трагедии кои ќе бидат новост за научниците. Ќе има големи знаци на небото, различно ќе биде движењето на Земјата и бојата поврзана со природата. “Не плашете се од овие Чуда, бидејќи тие се дар од Бога”, порачува пророчицата од Даблин.

Во книгата исто така се наведува дека пророчицата од Даблин не се потпишува во истата, бидејќи важни се пораките од Бог, а не таа. Сите пророштва кои таа наводно ги добива се потпишани со “Ваш Исус” и слично.

Книгата била буквално “разграбана” во Хрватска, а од црковните кругови велат дека “Книгата на вистината” е лага на Сатаната, кој сака да ги заведе и излаже верниците.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1