Вие, всушност, гледате како ме силуваат: Го сними најпознатиот порно-филм, додека ѝ бил вперен пиштол во главата


Линда Лавлејс се прославила во 1972 година во еден од најпознатите филмови за возрасни на сите времиња, „Длабоко грло“.

Филмот за жената која сфатила дека нејзините рецептори за сексуално задоволство се во грлото ја вивна меѓу sвездите. Линда набрзо станала икона на сексуалната револуција, која била обожавана дури и од славниот Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“.

Нејзиниот живот, сепак, бил далеку од бајка. Родена е како Линда Бореман во строго католичко семејство во Бронкс. Мајка ѝ честопати ја тепала, а на само 19-годишна возраст родила дете кое била принудено да го даде на посвојување.

Веднаш штом го запознала својот прв сопруг Чак Трејнор, таа одлучила да почне да живее со него, само за да избега од семејството. Но, ни тоа не ѝ донело среќа.Тој дури бргу станал многу насилен. До таа мерка ја контролирал, што морала да бара дозвола за да оди во тоалет.

Токму Треjнор бил тој то ја вoвел во светот на порнографијата. Актерката подоцна открила дека ја тепал и ја присилилувал да се занимава со проституција. Тој, наводно, со пиштол ја присилил на групен секс со пет мажи, а таа тврдела дека тој со слични методи ја натерал и да го сними нејзиниот најпознат филм.

– Кога го гледате „Длабоко грло“, всушност, гледате како ме силуваат. Злосторство е што тој филм воопшто се прикажува, бидејќи цело време имав пиштол вперен во главата – рекла Линда.

По несреќата што ја доживеала во 1970 година, таа се заразила со хепатит Ц преку трансфузија на крв, поради што во 1987 година завршила на трансплантација на црниот дроб.

Иако филмот „Длабоко грло“ заработил повеќе од 600 милиони долари, Линда го завршила животот во сиромаштија. Таа не видела ниту еден процент од заработувачката, а нејзиниот поранешен сопруг дури ѝ го одзел и хонорарот, кој во тоа време изнесувал скромни 1.250 долари.

Во своите мемоари Линда опишала како поранешниот сопруг се однесувал кон неа.

Починала кога имала само 53 години, во април 2012 година, во сообраќајна несреќа после која ѝ немало спас.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1